Верижен генератор (18)

24.05.2017 10:23
Верижен генератор (18)

Милован Стефановски

ПАТОТ ЗА ДОМА
(на Ал. Македонски)

На старецот од Стагира
не му кажа
дека ќе трагаш
и по северен извор
за да станеш бесмртен!

Не ти се даде да поживееш
да тргнеш во нов поход
по Светиот Грал
во некое друго време!

И сега:
никој не разбира зошто
водата што извира
под Големото дрво
истекува во четири реки
(на четири страни)
и ниту една од нив
не е патот за дома!

 

Михаил Ренџов

Во Верижниот генератор на Окно ја избирам песната „Патот за дома“ од Милован Стефановски, објавена во збирката „Горно Соње“ (2006). Мојот избор паѓа на песнава затоа што станува збор за една искрена, обмислена и чиста поезија.

ОкоБоли главаВицФото