1025 hPa
77 %
14 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 08:59
Највисокиот суд во Тајван пресуди во корист на луѓето што се залагаат за истополови бракови, давајќи можност оваа земја, прва во Азија, институционално да ги легализира.
Врховниот суд одлучуваше околу уставните пречки на сегашното законодавство, според кое бракот е заедница на маж и жена, пренесува Би-Би-Си.
Парламентот сега е должен да ги адаптира законите или да донесе нови.
Денешната одлука доаѓа откако ЛГБТ заедницата во регионот се соочува со зголемен прогон.
Тајван, државата за која Кина тврди дека го има суверенитетот, е позната по либералните вредности и одржува најголем годишен „геј прајд“ настан во тој дел од светот.
Можноста за еднаквост во бракот се надоградува од ланската година, кога претседателот Цаи Инг-вен, кој отворено го поддржува тој чекор, доаѓа на власт.
Дебатата сепак беше проследена со незадоволство. Последните месеци се случија неколку големи протести од конзервативците во земјата.
Сега, откако судот составен од 14 судии пресуди во корист на правната пречка, парламентот, познат во земјата како Законодавен Јуан, ќе започне процес на прилагодување на законите. Тие сега можат или да ги легализираат истополовите бракови, или да воведат нов, посебен закон за граѓанско партнерство.
Предлог-законот за легализација на истополовите бракови веќе е во парламентарна процедура, но процесот запре поради противењето на традиционалистите, кои не сакаат Тајван да биде првата земја во Азија која би дозволила такви бракови.
Извор: Радио МОФ