Професорите со децении ја валкаат титулата просветител

24.05.2017 16:51
Професорите со децении ја валкаат титулата просветител

Кога бев во градинка, воспитувачката ѝ се пожали на мајка ми дека не сум ги прераскажувала приказните идентично, туку сум си додавала делови, и тоа морало да престане поради другите деца (креативност тетке, нешто...?).

Во прво одделение учителката ми се дереше затоа што на куќата сум додала бои кои не требало да ги користиме тој час.

Во седмо одделение, кога барав помош за задача по физика, професорката ми рече дека требало сама да се снајдам и сè си пишувало во учебникот.

Во средно веќе не ми текнуваше да поставам прашање или да се потрудам поинаку, покреативно.

На факултет, благодарение на тазе ЕКТС системот, немав ментори туку роботи кои се обидуваа да ги сконтаат сите бирократски глупости на „реформата“.

И можеби личните образовни искуства се разликуваат во нијанси, но резултатите се секогаш тие - убиена љубопитност, креативност, пркос, критичност и чувство дека не постоиш.

Па, би сакала денешниот празник да го искористам како прилика да им отерам све у три лепе пизде материне на наставниците и професорите кои со децении ја валкаат титулата просветител и наместо просветление вгнездуваат мрак во детските мозоци и души. Да не се повторите.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Angele Dubas