Девојчето што ме частеше пиво

25.05.2017 15:13
Девојчето што ме частеше пиво

Уствари, не чини да мењаш локал. Сеј си на едно место. Ако не те свиџа, одма дома.
Шо се дешава?
Пријатно сунце, полусенка, таман пролет годинава. Ладничко накај топло, па пак ладно, па ветар некој, па облак, па ќе спљушти. Не знаеш шо да облечеш, нити па шо да понесеш. Јакна? Маица со кратки? Лепота. Непредвидљиво е. Така сакам. Обично ова време, Скопје е усред одвратно топло, лепливо, асфалтливо лето. Супер е оваа година.
Седам така у еден локал у Дебар маало. Капучино (Не - капачино), омиљена новина за субота сабајле. Приоѓа девојче, на свои 15-16 години. Сиви тренерки со розе штрафти од страна. Розе Најк патики, од Али. Мрсна косата, џвака смоки. Пружа рука, свети од масно, од смокито.
- Дај двајс денара.
Еј? Нема ни молим те, дај дечки, за леп ми треба, брат ми е болен, мајка ми нè остави на улица и си отиде со дечкото... нишо од тоа нема.
Дај двајс денара?! Како бе без оправдање, па макар и изл'жала, а знам дека л'же?
- Дај смоки малце.
(Ми подава)
- Сеа ќе даеш двајс, или боље триес?
- Да, да, боље е триес. Дај ма од смокито, шо си ги стиснала?
- Еве ти бе. Пууу, ама си бил нервозен. Ќе дааш некој денар или да си идам.
- Иди си.
- Ама глеј колку маси ме чекаат. Ќе ти биде криво.
- ?
- Ќе соберам за картон смоки, а ти нема да учествуеш у тоа и савест ќе те гризе.
(Уууу малава, еј. Чепреганов.)
- Добро ма. На!
Си отиде по другите маси и се изгуби од видик.
Прочитав шо прочитав новината, палам точакот, свртев крукчето и накај дома. Се враќам назад, ама у друг локал. Тука е кључното. Иди си бре дома.
Само шо седнав, само! Еве ти ја оваја на три метара од мене.
Сеа чипс зоба.
- Дај двајс денара.
- Абе ти ме пратиш?
- Да! (Мртва ладна.)
- Ај доста ти беше за денеска. Утре пак.
- Добро, не мора двајс, дај триесе.
- Еииии, абе кој те научи вака? Досадна си бе.
- Никој не ме учи, за кола збирам.
- Е ќе собереш, све на смоки и чипс ги трошиш.
- Ама види, стварно ми треба. Ево дај двајс.
- Абе гитла. Иди тамо најди нешо работа.
- Кај има работа бе?
- Па шо знам? Дилај дрога. Нешто. Големи пари има у тоа.
- Да беее.
- Има, има. Не кола, комбе може да си купиш. Мерцедес и тоа. Или Сканија. Од големите.
- Мислам дека почнуем да се нервирам.
- А?
- Мислам дека претеруеш. Ја сум малолетно сирото девојче, шо неам ни за чипс, а камо ли за кола.
- Шо збориш глупости?
- Ќе те пријавам дека ми нудиш да дилам дрога.
- Абе, шо ти е? Глеаш се заебавам.
- Не знам ја тоа.
(Аууу... и сеа? Какво е промучурно, стварно ќе пројаде трици. Ни крив ни дужен ќе го папам.)
- Добро, добро, шо сакаш уствари?
- Иљаду денара.
- Иљаду?
- Да!
- Може на картичка? Неам толку.
- Колку имаш?
( вадам парите, бројам)
- Шесто дваесе и три денара, сосе жутите.
- Дај!
- Па остај бе, бар за едно пиво.
( Го вика конобарчето)
- Колку е пиво? Какво сакаш?
- Било кое. У шише.
- Колку е било кое у шише? ( го прашуе детето)
- Сто денара, а има и за стодвајсе.
- Нати, за дечкиво, нека пие едно од мене. Од сто денара, да не претеруеме. М’ибам лешперот, м’ибам. За пиво најде мене да ме гребе.

Ми го плати пивото и си отиде. У грб ми отиде. Конобарот, све испод обрва ме глеаше. Испив набрзина и гит да ме нема.
И после мењај локал. Свашта може да ти се случи. Мада, ќар си бев најмалце песто денара. Бараше иљадарче.

Слика: Вил Балас

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото