Промоција на романот „Рута Таненбаум“ и разговор со Миљенко Јерговиќ

26.05.2017 10:20
Промоција на романот „Рута Таненбаум“ и разговор со Миљенко Јерговиќ

На 30 мај во Менада со почеток во 17 часот ќе се одржи промоција на романот „Рута Таненбаум“ од Миљенко Јерговиќ, кој на македонски го објави издавачката куќа Бегемот од Скопје. Разговорот со авторот ќе го водат Илина Јакимовска и Ѓоко Здравески.


* * *

Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува... Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е студија за загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев. Преку фантазијата на читателот минува колоритен воз од приказни полни со фантастика. Дури и суровата смрт малку се крие во таа фантастика. И од секоја приказна заплашува човечката свирепост, бидејќи во човекот има добрина „колку што има шафран во на сиромавиот кашата“. Ниедна од овие приказни нема добар завршеток. Злокобната басна го навестува крајот на светот, кој ќе започне од улицата Гундулиќева.

* * *

Миљенко Јерговиќ (род. 1966) е еден од најистакнатите хрватски писатели. Неговите дела, прозни и потески, се преведувани на голем број јазици. Јерговиќ е роден и израснал во Сараево, каде што завршил филозофија и социологија на Филозофскиот факултет при Сараевскиот универзитет. Дебитирал во 1988 година со збирката поезија „Опсерваторија Варшава“. Автор е на многу прозни, поетски и драмски дела, како и на многу есеи и новинарски написи. За романот „Рута Таненбаум“ (2006) е одликуван со наградата „Меша Селимовиќ“ (2007) за најдобар роман на територијата на Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора.