Пресоздавање

29.05.2017 02:20
Пресоздавање

Имам впечаток дека реакциите на решението на Беса да не учествуваат во новата влада, како и критичкиот став кон персоналните решенија на ДУИ за учество во кабинетот на Заев, содржат во себе една, во суштина, стара морална димензија која го држи општеството одлепено и не му дозволува да се приземjи и да функционира, да се пресоздаде во новите историски околности, по катастрофата што ја предизвика злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ.

Немам ништо против критичките опсервации, се разбира, и јас мислам дека ќе беше подобро Беса да влезеше во владата или ДУИ да дадеше подобри кандидати за министри, но, сепак, би сугерирал политички да се оценуваат и совладуваат предизвиците, а не врз основа на моралната матрица која низ практиките на ВМРО-ДПМНЕ ја загуби својата политичка, институционална и уставна основа и интегрирачка улога.

Мораме да се пресоздадеме.

А не да се вратиме таму кај што бевме пред ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа, мислам, ова второто, не е можно!

Такви се историските околности.

Битката против аспирациите на Албанците не ја фаворизира македонската национална супремација, туку злосторничкото здружување на Груевски. И обратно, во битката против мисијата на ВМРО-ДПМНЕ за демонтажа на државата како сидро и реализација на националната идеја, Македонија мора да се реши со поголема доверба да ги респектира и реализира албанските претензии. Неопходни ќе бидат нови форми на интеграција.

Ако за Касами редефинирањето значи „Македонија да биде држава на сите граѓани кои живеат во неа, а не создавање на бинационална држава“, јас не знам по што ова се разликува од залагањата на Заев.

Не сум го читал документот на Беса но, во принцип, не гледам проблем да се поддржи ставот на Касами дека „односите во општеството треба да рефлектираат во управувањето со државата“.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт

ОкоБоли главаВицФото