Ѓавол

29.05.2017 03:19
Ѓавол

ЦАР

Си бил еден цар. Имал жолти очи и граблива вилица. Живеел во двор полн со мермер и полицајци. Сам. Навечер се будел и врескал. Никого не сакал. Најмногу го сакал ловот и теророт. Но, се фотографирал со деца и цвеќе. Кога умрел, никој не смеел да ги отстрани неговите портрети. Погледнете, можеби и во вашата куќа се наоѓа неговата маска.

 

КОПЧЕ

Најубавите бајки се за тоа како сме биле мали. Јас најмногу ја сакам онаа, како еднаш сум проголтал коскено копче. Тогаш мама плачела.

 

ЃАВОЛ

Тоа е крајно промашен ѓавол, иако има опаш. Дали долг, месест со црна четкичка од влакна на крајот? Неговиот е мал, пердувест и стрчи смешно како кај зајак. Со црвена кожа, само под левата лопатка има бело со големина на дукат. Но, најлоши се роговите. Не растат нанадвор, како кај другите ѓаволи, туку навнатре, во мозокот. Поради тоа често страда од главоболка.

Тажен е. Со денови спие. Не го привлекува ни доброто ни злото. Кога оди по улица, може да се види како се креваат неговите розови белодробни крила.

Превод: Иван Шопов
Слика: Franz von Stuck

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото