Научниците открија што се случува кога читаме поезија?

29.05.2017 05:11
Научниците открија што се случува кога читаме поезија?

Во научното списание „Social Cognitive and Affective Neuroscience“ објавена е студија под наслов „Емоционалната моќ на поезијата“ (The Emotional Power of Poetry) во која неколку германски и норвешки научници се занимаваат со прашањето какви реакции во мозокот предзвикува читањето поезија. Резултатите од нивните истражувања покажале дека дека читањето или слушањето поезија активира делови на мозокот кои остануваат неактивни за време на конзумирањето на другите видови уметност, како гледањето филмови или слушањето музика.

Еуген Василивиски, Стефан Коелш, Валентин Вагнер, Томас Јакобсен и Винфрид Менингаус се научници од германскиот институт за емпириска естетика „Макс Планк“ што одлучиле да го истражат невролошкото делување на поезијата врз човечкиот мозок. Резултатите од нивните истражувања се објавени неодамна во интересната студија во списанието „Social Cognitive and Affective Neuroscience“

За целите на ова истражување, научниците собрале група Германци на 25- годишна возраст и ги замолиле да слушаат снимки на кои се читаат песни на германски јазик на редица познати поети, меѓу другите и од Фридрих Хелдерлин, Фридрих Шилер, Теодор Фонтане и Ото Ернст. На жените кои учествувале во експериментот им било овозможено самите да ги изберат песните што сакаат да ги слушаат во текот на истражувањето, па така била вклучена и поезијата на Шекспир, Гете, Фридрих Ниче, Едгар Алан По, Пол Селан и Рилке.

Додека учесниците во експериментот слушале поезија, научниците го мереле нивниот пулс, со посебна камера ги снимале изразите на нивните лица, барале од нив да притиснат посебно копче ако почувствуваат дека ги лазат морници или им се наежува кожата и на разни други начини ги бележеле реакциите на нивните тела и мозоци додека конзумирале поезија. Целта на научниците била да го испитаат „естетското искуство“ што го пружа поезијата, а резултатите покажале дека поезијата ги активира деловите на мозокот што не ги активира, на пример, музиката.

Исто така се покажало дека секоја учесничка во експериментот, во еден момент го притиснала копчето што означувало дека чувствува трпки на телото, а камерите забележале дека 40 отсто од жените чувствувале ежење на кожата додека ја слушале поезијата.

Научниците нашле и докази кои сугерираат дека уживањето во поезијата го вклучува потсвесното очекување на сопствената емоционална реакција кога имало особено евокативен дел од некоја песна: околу пет секунди пред испитаничките да го притиснат копчето за трпки, останатите собрани податоци веќе покажувале дека следува емоционална реакција.

„Со употреба на методите на психофизиологија, невровизуелизација и бихевиорални одговори ќе покажеме дека рецитирањето поезија може да дејствува како силен поттик за извлекување гранични емоционални реакции, вклучувајќи трпки и објективно мерливо ежење, кои ги ангажираат примарните невралгични структури. Поважно, додека овие реакции на поезија во голема мера се аналогни на реакциите на музика, нивните нервни основи покажуваат значајни разлики, посебно во однос на клучната улога врз јадрото за мотивација, наградување и зависност. Отидовме подалеку од реплицирање на претходните студии поврзани со музиката, покажувајќи дека врвот на естетско задоволство може да се случи истовремено со физиолошки маркери на негативен афект. Конечно, дистрибуцијата на морници низ траекторијата на песните дава увид во принципите на компонирање на поезијата“, пишуваат научниците во воведот од нивното истражување за влијанието на поезијата врз човечкиот мозок.


Извор: Tportal
Слики: Олег Оприско