Повик за учесници на хуманитарната трка „Трчаме заедно“

30.05.2017 02:03
Повик за учесници на хуманитарната трка „Трчаме заедно“

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ и фондацијата Schuler Helfen Leben, во соработка со општината Шуто Оризари, ве покануваат на првата хуманитарна трка „Трчаме заедно“ на 10 јуни што ќе се одржи во населбата Шуто Оризари. За прв пат во Шуто Оризари, деца, ученици, студенти, компании, претставници на институции и организации ќе трчаат за да покажат дека физичката активност е важна за детскиот развој.

Трката „Трчаме заедно“ вклучува две одделни трки. Првата трка е 2-километарска детска трка на којашто ќе земат учество деца од 8 до 14 години, вклучувајќи ги и децата од Центар за социјални иницијативи „Надеж“.

Трката за возрасни е трка на 4 километри којашто е отворена за сите заинтересирани поединци, претставници на компании, институции и организации, средношколци, студенти и волонтери. Оваа трка има хуманитарен карактер и индивидуални донации се добродојдени на посебно означените места на денот на трката.

По завршувањето на двете трки, ве покануваме на забава во дворот на Центар за социјални иницијативи „Надеж“ во Шуто Оризари. Заедно да ги прогласиме победниците, да слушаме добра музика, да се дружите со децата што го посетуваат нашиот центар и да учествувате во интерактивните зони со работилници што нашиот тим ќе ги подготви за вас.

Информациите за пријавување на трката се достапни на следниот линк:

https://goo.gl/forms/trCPfFfUd2DyWnHg1

Пријавувањето ќе биде отворено до 2 јуни до 16:00 часот. Информации и точни инструкции до локацијата ќе бидат доставени во пакетите за регистрирани учесници.