1017 hPa
71 %
12 °C
Скопје - Пон, 13.04.2026 21:59

Албанското списание „Living Albania“ објави фотографии кои претставуваат реконструкција на модата и „стајлингот“ од комунистчкиот период на земјата.
Авторот Арман Хабазај, кој е и уредник на фотографија на регионалното списание XXZ, вели дека не се работи за носталгичен акт кон времето на диктатурата во Албанија и комунистичката ера. Тоа беше болно и ужасно време за Албанците. Ова е само потсетник на албанскиот начин на живот, облеката, мебелот, целолупниот изглед на тоа време.
Педесетте години на албанска изолација под комунистичкиот режим секогаш предизвикуваа многу љубопитност и внимание, особено кај странците, но исто така и кај младите Албанци кои имаа среќа да се родат подоцна и воопшто да не го почувствуваат теророт на комунизмот.
.jpg)
„Кога почнав да работам на оваа приказна, бев заинтригиран и решен да успеам. Сакавме да ја вратиме 'модата' на тие времиња и да видиме како ќе ѝ изгледа на денешната генерација. Целата идеја е врз основа на локација, музејската атмосфера на Bunk'Art. Сакав фокусот да биде врз расположението, атмосфера, многу повеќе отколку на облеката или предметите“, вели авторот Арман Хабазај.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)








Извор: XXZ