Чувајте се од часовниците што доцнат

30.05.2017 10:34

Од часовник што доцни чувајте се,
опасен е, проблем може да донесе.
Сè ќутенката времето грешно го пишува,
секоја минута барем од секунда ја лишува.

Од часовник што доцни чувајте се,
голем лажго е кога ќе се занесе.
Сè истото, истите фори, да те фати шубе:
час „рано е, бе““, час „уште не е време, бе“.

Од часовник што доцни чувајте се,
може штета да нанесе и да потресе.
Која е ера и дали е денес или вчера
- тој поим нема.

Превод: П. В.

Влада Стоиљковиќ (Vladimir Stojiljković, 1938-2002), еден од најзначајните југословенски поети за деца. Бил познат и како врвен автор на радио драми, детски и други, изведувани на речиси сите југословенски радио станици. Интересно е што работел и како илустратор и преведувач; ги превел култните романи „1984“ на Орвел, „Храбриот нов свет“ на Хаксли, „Леси се враќа дома“ од Најт, „Гуливеровите патувања“ од Свифт, „Иби повторно јава“ од Жари... Во седумдесеттите години активно учествувал и во сигналистичкото движење, зад кое стоело интернационалното списание СИГНАЛ.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото