Дај ми крилја едно крукче

31.05.2017 12:15

Рибо, рибо, не биди куче
- дај ми перки едно крукче!

Морето има кораб,
едро и катарка.
Море, море, не биди куче
- дај ми кораб барем крукче!
Така ми се ака
што потака, онака...

Ластовицата има крилја
- лета сè до Нил.
Ластовице, птицо, не биди куче
- дај ми крилја едно крукче!
Да заминам на југ
во стариот округ...

Кога мрава зрно руши
ја слушаат зајчешките уши.
Зајко, зајко, не биди куче
- дај ми уши едно крукче!
Да го наслушнам и јас
’ртежот на пченкарниот клас...

Рибата има перки
со сребрен сјај.
Рибо, рибо, не биди куче
- дај ми перки едно крукче!
Да си ја пробам јачината
длабоко во длабочината...

Крај џбунот кога е вечер
светулката пали фенер.
Светко, светко, не биди куче
- дај ми фенер едно крукче!
Позајми ја моќта
да ја осветлам ноќта.

На небото ѕвездите
како птици се гнездат.
Небо небо, не биди куче
- дај ми ѕвезда едно крукче!
Не биди пес лош,
дај да го ставам и тој брош...

Превод: П. В.

Владимир Андриќ (1944), српски писател за деца, режисер, уредник... Објавил 13 книги, главно за деца, режирал десетици телевизиски серии, емисии, драми, за деца и возрасни... Добитник е на поголем број награди за филмска и телевизиска режија, како и награди за творештвото за деца...

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото