Повик за волонтери на скопскиот книжевен фестивал Друга приказна

31.05.2017 16:56
Повик за волонтери на скопскиот книжевен фестивал Друга приказна

На книжевниот фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА потребни му се волонтери.

Второто издание на Фестивалот ќе се одржи во почетокот на септември во Скопје.

Ако сте постари од 18 години, ако сте одговорни, комуникативни, знаете странски јазици, сакате книжевност и сакате да се дружите со македонски и странски писатели, пријавете се и станете дел од тимот на ДРУГА ПРИКАЗНА.

Работата на фестивалот вклучува грижа за гостите, подготвување на просторот за одржување на фестивалските настани, но и дружење со авторите и учесниците на фестивалот.

Заинтересираните волонтери треба да испратат своја кратка биографија и да се пријават на адресата drugaprikazna@gmail.com (пријавените задолжително да наведат кои странски јазици ги познаваат).

Крајниот рок за пријавување е први август.

Фестивалот ДРУГА ПРИКАЗНА има цела низа цели. Меѓу поважните се: популаризација на книжевноста; преиспитување на улогата на книжевноста во општеството; преиспитување на жанровските граници, на релациите меѓу „популарното“ и „елитното“, „високото“ и „ниското“, ангажираното и ескапистичкото; преиспитување на улогата на писателот во новите локални и глобални контексти; осмислување и практикување на нови стратегии за културни поврзувања, и локално и регионално и глобално; вмрежување на македонските автори и искуства во регионален контекст; збогатување на скопската културна понуда...

ОкоБоли главаВицФото