Несреќа при дислокацијата на Александар Саша Македонски

01.06.2017 02:31
Несреќа при дислокацијата на Александар Саша Македонски

Еве како можеме да се спасиме од спомениците на ВМРО:
Алаѓозовски соопштува дека Александар мора да оди на дотерување во Фиренца.
Образложение: Таинствени хемиски процеси го разјадуваат најголемиот војсководец и тој се распаѓа како џигер пред налетот на јак алкохол.
Дали е тоа в ред?!
Нормално!
Доаѓа голем кран на Факом, го крева најголемиот син на македонскиот народ по Никола Груевски и додека го врти кон шлеперот на „Максим Горки“, споменикот се откачува, треснува на македонската земја и се разбива во парампарчиња.
Министерот, новиот премиер, Социјалдемократскиот сојуз, ДУИ и Алијансата за Албанците, изразуваат жалење и упатуват телеграми со сочувство до ВМРО-ДПМНЕ и до нивниот лидер во „Идризиво“.
Истрагата покажува дека несреќата се случила поради дефект на кранот!
Може ли така?!
Може, разбира се!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев

Слични содржини

Јавни простори / Став / Култура
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Став

ОкоБоли главаВицФото