Десет приказни што го одбележаа мундијалот

13.07.2010 15:12
Десет приказни што го одбележаа мундијалот

Многумина се сомневаа во тоа дека Јужна Африка може да го организира Светското првенство во фудбал. Но на крајот излезе многу подобро отколку што се очекуваше...

Ова се десетте нешта кои го одбележаа СП:

1. Марадона

Малиот зелен, кому поради фудбалерската генијалност во Аргентина никој не може да му замери, не е тренер. И прашање е дали некогаш ќе може да биде. Да, Марадона е бескрајно забавен и може да создаде атмосфера. Но однесувањето вон сите стандарди (цигара на тренинг и сл.) е едно, а тренерското знаење е друго. Меси, кому му даде целосна слобода во изразување, не покажа нешто посебно. Неспорно најдобриот фудбалер во светот имаше блескави моменти, ама општо прикажа под очекуваното.

2. Судиите и судиските грешки

Оценките се дека судењето беше лошо на СП во Германија во 2006, а уште полошо во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 г. тешко е да се согласиме со ваквите заклучоци. СП во Јужноафриканската Република беше одбележано и од судиите.

Судиските грешки беа драматични. Многумина беа решавачки за поминувањето на групите. Италија, на пример, падна бидејќи на Холаѓаните им беше признат погодокот од офсајд. Во тој миг не се чинеше како драматична грешка, но подоцна тоа беше една таква.

Катастрофалните судиски грешки посебно ја одбележаа нокаут фазата. Две од тие грешки се најдоа на листата на десетте најтешки грешки на сите времиња. Тоа е непризнаениот гол на Лампард во мечот Германија-Англија, иако топката ја премина гол линијата за 38 см, како и 92 см длабокиот офсајд на Тевез при постигнувањето на победничкиот гол во натпреварот Аргентина-Мексико кој заврши со 1:0.

Иако на судиите им беше тешко да го видат тоа, Шпанците го постигнаа единствениот гол со Португалија од офсајд, а и Холанѓаните до 2:1 во битката со Уругвај стигнаа од офсајд.

3. Штрајкот и посрамотувањето на Французите

Французите се посрамотија на СП во 2002. Светските прваци од 1998 г. во Јапонија и Јужна Кореја не постигнаа ниту еден погодок! Сега срамот беше уште поголем. Меѓу француските момчиња и селекторот Доменеш дојде до целосен раскол. Првин Анелка се испокара со селекторот, па беше исфрлен од репрезентацијата. Потоа, откако Евра се испокара со кондицискиот тренер, француските фудбалери одбија да тренираат. Директорот на репрезентацијата Жан-Луј Валентин веднаш поднесе оставка, со објаснувањето дека „Играчите се однесуваат како разгалени деришта, го напуштам Сојузот, згадено ми е од сево ова“. Реакцијата на француската јавност беше едногласна: „Мислевме дека во Јужна Африка испративме галски петли, но тие излегоа дебели, мрзливи гуски“.

4. Крах на Италијанците, светските прваци

Марчело Липи во 2006 беше херој. Потоа си замина, за да се врати како спасител кој може и во 2010 г. да ја одведе Италија во височините. Но светскиот првак доживеа целосен крах во ЈАР. Италијанската јавност беше шокирана. Липи ги амортизираше сите напади, велејќи: „Само јас сум виновен. Лошо ги тренирав играчите и затоа испаднавме“.

5. Англија и Капело

Ова е веќе стандард кој се повторува од 1966 г. Англичаните на секое првенство доаѓаат како големи фаворити, ама никогаш не постигнуваат ништо. Капело, кој по беспрекорните квалификации на Осторовот стекна статус на полубог, во Јужна Африка доживеа тежок дебакл.

6. Дефанзивната игра на Дунга

Бразил уште од почетокот му замеруваше на Дунга бидејќи ги изневери основните начела на бразилскиот фудбал, значи, креацијата, имагинацијата, леснотијата, игривоста. Но Дунга не ги слушаше критичарите, посебно новинарите со кои постојано беше во војна. Дунга сакаше да биде светски првак со високоорганизираниот, дисциплинираниот и цврст Бразил. Но Бразил имаше два тешки недостатоци. Бразилците секогаш имале во средината и во нападот неколку класи кои самите можеа да одлучат за натпреварот. Сега немаа такви фудбалери. Во двобојот со Холандија, во кој Бразил ги одигра најдобрите 50 минути на СП, се случи вториот недостаток. Кога Холанѓаните изедначија, Бразилците го изгубија тлото под нозете. Од тој миг па до крајот Бразил немаше сила за промена на играта. Тоа никогаш им се нема случено на овие големи момчиња.

7. Снеијдер и Робен

Нешто е судбина, нешто е лоша проценка. Снеијдер и Робен летото 2007 г. стигнаа во Реал. Првиот од Ајакс, вториот од Челзи. Холанѓаните во Реал се задржаа две сезони за летото 2009 да бидат пречкртани и обајцата! Кралскиот клуб изјави дека обајцата не се на нивото со кое би можеле да и’ се спротивстават на Барселона во шпанското првенство и да ја освојат Лигата на шампионите. Каква грешка!

Снеијдер и Робен во Јужна Африка беа мозоците и егзекуторите на играта на Холанѓаните. Тие се цврст доказ дека во фудбалот можат да згрешат и најголемите клубови кога се работи за проценување одредени играчи.

8. Милер и Озил

Томас Милер (21) беше најдобриот млад играч на СП. Милер е идеален фудбалер. Тој е сон на секој тренер. Во него се споени сите најдобри карактеристики на играч од средината и напаѓачот. Тој е способен да го покрие целиот простор од својот корнер до противничкиот гол, и што е најбитно, има осет за гол.

Месут Озил (22) е фин техничар, фудбалер со идеја и еден од клучните играчи на новата германска репрезентација.

9. Шпанските играчи од средината

Шпанија има средина од соништата. Xavi, Iniesta, Busquets и Xavi Alonso играат мал фудбал на големо игралиште. Шпанците се страшно добри со топката, способни да ја задржат до бескрај, а нивната прецизност е неповторлива. Во поседот на топката никој не може да се натпреварува со нив. Токму благодарение на сјајно компонираниот среден ред, Шпанците играат пресинг на топката и играчите уште веднаш, во првата третина од противничката половина. Во фудбалот не постои ништо потешко. А Шпанците го можат тоа.

10. Вувузелите, октоподот

Вувузелите, кои ги запознавме на Купот на конфедерациите во 2009, беа неподносливи. Наводно, тој прегласен, едноличен и бескрајно досаден звук, кој нема врска со навивањето, влијае на концентрацијата на фудбалерите. Јужаноафриканското звучно страшило го забранија во Вимблдон, во Нов Зеланд, во Обединетите Арапски Емирати. Не би се изненадиле дека ќе се појават и кај нас. Ние брзо го присвојуваме сето она што иритира.

СП во Јужна Африка го одбележа и неверојатниот Паул. Овој октопод им ја уби волјата за живот на сите прогнозери. Чудесното суштество погоди сè. Па, нека се фали некој дека го познавал фудбалот!

Tiffany Jewelry, Tiffany

Tiffany Jewelry, Tiffany Necklace, Tiffany Earring, Tiffany Bracelet, tiffany jewelry tiffany co Tiffany sale links of london Tiffany Bracelets Tiffany Necklaces Online shopping for quality Links of London jewelry in the Jewelry store; the latest fashions in engagement rings, earrings, pendants, lockets links of london links of london Charms Links of London Earrings Links of london Necklaces

ОкоБоли главаВицФото