За актерцките работи

02.06.2017 09:51
За актерцките работи

Многу талентирани, умни, вредни, образовани деца и млади уметници се маргинализирани, за сметка на партиските војници и незаконски вработените послушници во институциите. Театрите се преполни со вишок кадри. Доживотна државна плата за актери нема никаде во светот. Има договори, аудиции за претстави и колку подолго се на репертоарот, толку подобро за нив. Ако не чини претставата - нема публика. Толку. Пак нов проект, нова аудиција. Има еден до два државни театри на 1.500.000 луѓе, најмногу. Другото треба да биде исто така помогнато, но не во форма на доживотно загаранирана плата. Така актерот ниту ќе се мотивира, ниту ќе се бори, ниту ќе развива здрава конкуренција. Во земјава стана најбарана и најпопуларна професија, а секаде во светот е борба за живот и квалитет. Секој ден среќавам мои поранешни студенти-змаеви, индивидуалци, борци, професионалци, таленти за кои никогаш немало место во државните театри и претстави. Тие се веќе толку исчеличени, пораснати и созреани низ независни и самоодржливи проекти, и сметам дека се на извесен начин носители на новите вистински промени на независната тетарска сцена - идна ѕвезда водилка. Да, ВМРО-ДПМНЕ многу ги „воздигна“ актерите, и така им го одзеде (на тие што го имале) она заради кое станале актери. А голем дел од останатите, уште на приемен ги чекало место со државна плата. Тешка болест е ова за којашто треба силен лек.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња