Човекот што за време на терористичкиот напад во Лондон мирно одеше со пиво во рака стана „симбол на лондонскиот дух“

05.06.2017 12:45
Човекот што за време на терористичкиот напад во Лондон мирно одеше со пиво во рака стана „симбол на лондонскиот дух“

Во екот на терористичките напади во Лондон, еден човек стана своевиден симбол на пркосниот „лондонски дух“, откако беше забележан од една камера како мирно оди со чаша пиво во рака додека луѓето околу него избезумено бегаат.

Во тешки времиња како што се деновиве за Лондон, луѓето бараат и доза хумор и позитивна енергија која ќе ми помогне да се носат со мрачната и опасна стварност, а ја пронајдоа во младичот кој одбива да го истури своето пиво и покрај кошмарната сцена која се одвива во позадина.

Фотографијата на Твитер набрзо стана вистински хит, а ја пренесоа и голем број светски медиуми.

Се разбира, имаше и многу критики кон младичот, но останаа во сенка на позитивните реакции кои фотографијата ги предизвика во овие ужасни моменти.

Извор: Index.hr