1007 hPa
56 %
19 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 14:59
Како една од најголемите противнички на Скопје 2014, сепак сметам дека не треба (физички) да се (с)руши.
1. Тоа ќе чини многу, многу пари и време
2. Ќе го зголеми загадувањето во Скопје
3. Просторите треба да се пренаменат за создавање заедници, колективи, пред сè уметнички. Дајте им ги тие простори на млади луѓе, нека творат. Тоа ќе го поттикне креативниот дух на градот. Претворете ги тие простори во ателјеа, галерии, барови и клубови, направете ги јавни (нешто како БИГЗ во Белград, на пример)
4. Дајте им зграда на луѓето кои немаат каде да живеат
5. Отворете интернационален уметнички конкурс за да се „преобрази“ Скопје 2014, и тоа да биде про боно, нешто како кога земјите низ светот по 1963 донираа свој објект или улица - на овој начин ќе се привлече меѓународно внимание, па дури и туризам
6. Единствено што сметам дека оди во прилог на „рушење“ е враќање на старите, модернистички фасади во центарот на градот и дислокација на спомениците од Жена парк и плоштад
7. Со Музејот на ВМРО уште немам конкретна идеја што да се направи. Првичен предлог би бил некој секс или фетиш-клуб (ослободувањето на градот мора да биде и сексуално!)
Ваши мислења?
П.С. Она што треба да се руши е деструктивниот дух на ВМРО. Со рушење на Скопје 2014 ние ја играме нивната игра. Скопје ќе мора да се издигне од правта на национализмот, хомофобијата, малограѓанштината, зависта, преку заедништво, творење и конструктивност. Тоа ќе биде вистинска победа на прогресивноста над вмровскиот примитивизам.
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Ковачевски