Политичар призна дека уште страда за бившата партија

06.06.2017 12:55
Политичар призна дека уште страда за бившата партија

Скопје, 6 јуни 2017

В.Р., истакнат член на една од партиите на власт не крие дека често размислува за својата прва партија и признава дека понекогаш мисли дека би бил посреќен ако останеле заедно.

„Оттогаш помина доста време, во меѓувреме променив повеќе партии, се наоѓам во долга и стабилна врска со сегашната, но понекогаш размислувам како би изгледал нашиот заеднички живот ако не раскиневме“, вели В.Р.

„Не знам дали станува збор за носталгија, жал за младост, но секогаш се појавуваат тие проклети ситници кои ме потсетуваат на убавите заеднички моменти и сето она што си го пруживме еден на друг. Двајцата бевме млади, нескротливи, се чинеше дека целиот свет постои само за нас. Сè се промени некако одеднаш, кога таа отиде во опозиција. Беше тоа голем шок за мене. Имав чувство дека ме гуши, ја кочи мојата кариера и затоа одлучив да тргнам понатаму. Денес, кога размислувам за тој период се прашувам дали ја донесов вистинската одлука. Можеби постапив себично, не мислејќи на неа и нејзините потреби. Животот оди понатаму, донесува нови врски, партии и функции, но знам дека секогаш ќе се прашувам дали можеби првата беше онаа вистинската“, искрено ја закчучува својата емотивна исповед овој функционер.

Неговиот проблем не е редок меѓу политичарите, велат стручњаците. Голем број функционери со носталгија се присетуваат на своите бивши партии, но сепак, ретки се оние кои им се враќаат.

„Судбината знае да си поигра со луѓето, нивните емоции и политички избори. Некои партии кои денес не ни изгледаат привлечно, веднаш по наредните избори можат да станат фатални убавици од чија појава ќе ни се разгорат страстите, ќе ни се помати разумот, а целото тело ќе ни затрепери од самата помисла на нив. Не заборавајте дека животот иекраток и не колебајте се, туку со раширени раце потрчајте кон партијата која ве привлекува“, порачува доктор Димитар Превртачевски од Институтот за љубов и политика од Македонски Брод.

Извор: www.njuz.net