1025 hPa
77 %
14 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 08:59
Филмовите се дел од животот, раскажување приказни, едно од основните пулсирачки ткива. Кога сте геј, а вашиот идентитет го нема никаде на филм, почнувате да чувствувате дека нешто навистина не е во ред. Се чувствувате невидливи, како дух за кој не верува никој. Бидејќи вечно сме гладни за слики за себеси, често се случува да ни се јави некој пријател и да ни каже: „Се прикажува филм што мораш да го гледаш! Сè што ми се случуваше во животот!“ До неодамна, гејовите, лезбејките и трансродните личности не можеа да замислат дека некогаш ќе изговорат нешто слично. Денес, хомосексуалноста е вклучена во филмот, и во уметноста воопшто, и нештата се менуваат забрзано. За она за што некогаш се читало и се насетувало од контекстот, денес се зборува многу послободно.
И, кога се прикажувала на големото платно, хомосексуалноста била нешто на кое требало да му се потсмеваме, да го сожалуваме, дури и нешто од кое треба да се плашиме. Холивуд, големиот креатор на митови ги научи стрејт луѓето како да размислуваат за хомосексуалноста, а геј луѓето како да размислуваат за себеси. Овие пет филмови ги бележат приказните за ЛГБТИК великаните, без исклучок, дискриминација или обелување на историјата.
Happy Birthday Marsha (2017)
Овој филм е она што не успеал да биде Стоунвол во 2016. Историјата ја бележи точно (или барем поточно), со почитта што ја заслужуваат нејзините јунаци. Приказната ја следи легендарната трансродна активистка Марша Џонс, а се случува само неколку часови пред Стоунволскиот бунт. Филмот почнува со роденденската забава на Марша, а дејството брзо се преместува во Стоунвол ин, па кога ќе се појави полицијата и ќе ја започне рацијата, Марша и нејзините пријателки први ќе реагираат на неправдата и ќе го започнат она што подоцна стана историја.
Floating Skyscrapers (2013)
Како еден од првите полски филмови со квир тематика, Floating Skyskrapers стана симбол на кариерата на режисерот Томаш Василевски. Приказната го следи Куба, успешен пливач кој се заљубува во друг маж и веднаш влегува во конфликт со традиционалното општество, родителите, но и со самиот себеси.
Paris Is Burning (1990)
Најдобро е да му се пристапи на филмот како на репортажен колаж и, веројатно, ретка културно-историска граѓа која би требало да се конзумира заради општата лична култура. Животот се врти околу „Бал“ свеченостите на кои се парадира како на модна писта, се танцува „вог“, и се слави њујоршката драг сцена од осумдесеттите години на минатиот век.
How To Survive A Plague (2012)
Филмот е приказна за двете коалиции – ACT UP и TAG (Treatment Action Group) – чиј активизам и иновативен пристап направи пресврт во однос на СИДА-та и од смртна пресуда ја претвори во статус со кој може да се живее нормално. И покрај недостатокот од научно образование, овие приучени активисти се инфилтрирале во фармацевтската индустрија и помогнале да се пронајдат нови лекови и мошне брзо од фазата на тестирање ги претвориле во регуларна терапија. Со пристап до никогаш досега видени архивски материјали од осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, режисерот Дејвид Франс го лансира гледачот во центарот на случувањата: контроверзни активистички акции, драматични состаноци околу развојот на стратегиите и неуспесите и успесите на активистите што станаа херои.
Tongues United (1989)
Овој игран документарец ги следи геј афроамериканците во текот на осумдесеттите години на минатиот век, додека се соочуваат не само со расна, туку и со дискриминација заради сексуалната ориентација. Направен е како еден во низата филмови кои се занимаваат со геј и лезбејската афроамериканска култура, а се мешаат и интервјуа со експерти за разни теми од архивски снимки и делови од други документарни филмови. Филмот најмногу се занимава со тишината на која се принудени гејовите и лезбејките заради предрасудите.
Извор: http://www.xxzmagazin.com