Знаци

08.06.2017 11:04

     На Сузана Бомбал

Околу 1915 во Женева видов, на терасата од еден музеј, високо ѕвоно со кинески знаци. Во 1976 ги пишувам редовиве:

Недeшифрирана и сама, знам
дека во нејасна ноќ можам да бидам бронзена
молитва или пословица во која е впишан
вкусот на еден живот или предвечерие
или сонот на Чуанг Цу, кој ти е познат,
или обичен датум или некаква парабола
или моќен владател, сведен на неколку слога,
или цел космос или твоето тајно име
или загатката која залудно ја одгатнуваш
толку години и денови.
Сè можам да бидам. Пушти ме во мракот.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото