Ебените и несфатените

08.06.2017 13:46
Ебените и несфатените

Десет нови кратки песни на необичниот поет...

24 часа во животот на Камчев

Камчев
за 24 часа
произведе вагина
и освои шампионска медаља.
Не е лошо.
Штета што пак ноќе
не може да спие на раат.


Машина за путки

Камчев
му ја нудел на Заев
машината
за правење путки
само да му даде
амнестија!

Стока вечита

Ги гледам денеска цел ден
младите голобради
навивачи на Вардар,
пцујат сè живо низ Скопје,
маваат со флаши,
тепаат, урлаат...
И ми текна во еден момент:
овие кога ќе пораснат и остарат
ќе бидат како
Миленко,
Јанко,
Латас,
Пандов,
Вилипче,
Старион што ја кубеше
Рада за коса...
Значи - СТОКА ВЕЧИТА!


Ѕинго го врзал Латас за радијатор

Латас сакал
да иде на дебатата на МТВ
на новинарите со Заев
ама Ѕинго го врзал за радијатор
под јужна трибина на Градски.
Сега се мисли дали да му прави
еутаназија или чкопење.


Чашуле на забар?

Добро,
после толку служење
на режимот,
Чашуле зарем
не закачил
барем компензација
за забар?!

Тоа забите
како онаа овцата
во рекламата
за чоколадни кондоми!

Гадно ми е цел ден

Денеска куртонот Александар Пандов
ми пријде у кафана да се поздрави.
Зашто сметам
дека си имаме работа со психопати
се поздравив само со желба
да си замине што побргу,
немам намера да се расправам
и влегувам во вербални дуели
со овие лудаци.
Кафаната е на прекрасен човек
и не сакав да му правам
никакви инциденти.
Потоа сепак
се чувствував лошо,
некако нечисто и расипано,
гадно, цел ден.


Бебиња

Одамна тврдам,
овие се спремни
да изедат бебиња
за доручек
и попладне да одат
на конференција
за грижа за деца!
ОВИЕ СЕ ИЗРОДИ!


Педофил

Видов матурантка
која ја објавил таткото
на фб.
На фотката
на девојката
ѝ се гледа
путката и
брадавиците
на цицките.
Значи,
дајте луѓе
малце кочете
кај заминавте?!

Дневен ред

За две години, Курир:
Никола Груевски денеска
има многу набиена агенда.
Денот ќе му почне
уште сабајле со будење во 8 часот,
потоа следува
обилен појадок во мензата
потоа има закажано
читање на Ана Каренина и
сликање потрети на мртва природа.
При крајот на денот
се очекува прошетка во затворскиот двор
и разговор со цимерите
за иднината на земјата
и како да се внесе
побрзо во ЕУ
кога веќе сме во НАТО!


Ебените и несфатените

Ми се допаѓа
Министерството за култура
Заев што им го остави
на соросоидите и несфатените.
Со тоа човекот си признава:
„Дечки, ја сум од Муртино,
дојден сум овде да апсам,
народ да вработам
и држава во ЕУ и НАТО
да внесам.
Со поезија и уметност
вие ебавајте се!"

Монтажи: Свирачиња (врз фотки од филмот Interview with the Vampire, 1994)

ОкоБоли главаВицФото