Граѓанско здружение спроведе истрага на убиство и ја изложи на „Документа 14“

08.06.2017 23:41
Граѓанско здружение спроведе истрага на убиство и ја изложи на „Документа 14“

Со нетрпение очекуваното 14. издание на „Документа“ во Касел, на 7 јуни беше отворено за медиумите со двочасовна прес-конференција преполна со веќе познатите политички изјави.

Се разбира, не е тешко да се согласите со идеите на Адам Шимчик и неговиот тим, дека треба да се заврши со патријархатот, да се отфрлат мрачните наследства на колонијализмот и кој било вид „оthering“, по можност заедно со капитализмот, кога сме веќе кај тоа. Но, фрустрирачки е да се зборува за остварување промени преку уметност, кога кураторскиот тим го користи истиот јазик и значења кои можеби беа порелевантни во 2013 година, кога беше зачната годинешната „Документа“. Сега, светот е многу поинакво место, а со текот на времето достапните алатки затапеа.

Истражувајќи го чувството на беспомошност при соочувањето со неправдата, на изложбата се истакнува еден проект кој ја преиспитува и дефиницијата за тоа што сè може да биде уметничко дело. Во „Нова Нова Галерија“ (Neue Neue Galerie), во близина на Кунигсплац, презентирани се резултатите од истрагата спроведена од „Forensic Architecture“, агенција за истражување со седиште во Лондон, која соработуваше со здружението „Пријатели на Халит“, именувано според Халит Јозгат, кој на 6 април, 2006 година беше убиен во Касел.

21-годишниот Јозгат е деветта жртва на, како што подоцна беше откриено, серијата расно мотивирани убиства извршени од страна на Национал-социјалистичко подземје (NSU), екстремната десничарска германска терористичка група, која во периодот меѓу 2000 и 2011 година извршила 10 убиства. Во сите убиства, освен едно, жртви беа граѓани од негерманско потекло. Тие извршиле и два бомбашки напади, како и бројни грабежи низ целата земја. Единствениот преживеан член на NSU, Беате Чепе, го чека судењето во Минхен, заедно со други осомничени соучесници.

Кога истрагите за активностите на „NSU“ конечно станаа јавни, се дозна дека германската разузнувачка служба инфилтрирала свои агенти во екстремно десничарската терористичка ќелија; еден од нив, Андреас Тем, бил сведок на убиството на Халит Јозгат, кое било извршено во интернет кафето на неговото семејство во Касел. Во неколку различни сведоштва, Тем сепак тврди дека не ги слушнал истрелите од кој загина Јозгат, ниту пак забележал остар мирис на барут, или дека го видел телото на Халит зад шанкот на кафето.

Агенцијата „Forensic Architecture“ е формирана на Универзитетот „Голдсмитс“ од архитектот Ејал Вајцман, кој претходно истражувал воени злосторства во Газа, во поранешна Југославија и Сирија. Агенцијата била поканета од страна на организацијата Народен трибунал за разрешница на комплексот „NSU“ за да се истражи она што би можело да биде заговор за насилни злосторства во повеќе западноевропски држави.

Резултатите од нивното истражување се презентирани на „Документа 14“ во видео со наслов „77sqm_9: 26min“ според големината на интернет-кафето и должината на времето на полициска истрага и покажуваат дека агентот Тем лажно сведочел.

Последниве децении уметноста е многу добра во проблематизирањето на значењето на вистината, инсистирајќи на тоа дека наративите се посложени отколку она што ни се кажува, таа уметност се сомнева“, изјави Вајцман пред малата група новинари, кога заедно со Ајше Ѓулек од здружението „Пријатели на Халит“ го претстави проектот.

„Сакаме да покажеме уште една можност на уметноста, можноста да се соочи со сомнежот, како и употребата на естетските техники во истрагите.“

Мислам дека случајот „NSU“, како ретко кој друг случај, покажа колку е неопходно граѓанското општество да развие свој сопствен капацитет за поставувување прашања и да презема криминалистичко или какво било друго истражување. Криминалистичката истрага е она што требаше да го направи државата, но не го стори тоа. По 11 години, ова убиство до денес не е разрешено. Тука, прашањето не е само што се случило, туку и зошто истрагата била прекината.

Материјалот кој се користел во криминалистичката анализа на она што се случило во тие девет и пол минути беше целосно јавен и пристигнал пред сè од истекувањето податоци од полициската истрага во 2015 година.

„Убиството се случи во интернет кафе, каде што секој сведок е поврзан со временски кодиран уред! Ја знаеме локацијата и времето на секој од петте сведоци во кафулето за време на убиството.

До пред еден месеци ни беше кажувано дека имало 41 секунда во кои агентот Тем можел да биде надвор од кафулето. Е, не е така! Поминавме осум месеци испитувајќи го тоа тврдење. Затворањето на тоа прашање отвора нов сет прашања: Ако Тем не ја зборува вистината - а со сигурност може да кажеме дека е така – тогаш каде се судот, полицијата, тајните служби, медиумите и другите чинители на германското општество“, вели Вајцман.

Од германското општество зависи како ќе постапи по објавувањето на овие резултати. Минхенскиот суд каде што се одржува судењето за случајот „NSU“ првично ја прифати оваа истрага, но, на крајот одлучи „заради различни правни причини кои не се јасни за нас“ доказите да не бидат претставени пред судот.

„Но, прашањето за тоа како германското општество ќе се справи со „NSU“ не може да зависи од еден судија во Минхен“, инсистира Вајцман, наспроти овој технички детаљ. „Научните криминалистички анализи, истрагите што ги спроведува граѓанското општество ќе ја презентираат вистината низ различни форуми“, додава Вајцман.

Во последно време, ваквите форуми стануваат сè повидливи, а вклучувањето и поддршката на „Документа 14“ сигурно ќе придонесе за актуелизирањето на овој случај и за длабоките и далекусежни прашања што тој ги отвора.

Во изложбениот простор каде што е претставен овој колаборативен проект, се прикажува и еден друг филм, кој служи како појдовна точка: Еден месец по убиството на Јозгат, неговото семејство заедно со роднините на други жртви на „NSU“ во Касел и Дортмунд организираа протест со слоганот „Не за десетта жртва“. Како што е прикажано во документарниот филм, уште во тоа време, во 2006 година, семејствата сфатиле дека постои врска помеѓу расистичките убиства кои се случувале во Германија, нешто што германската полиција, државните обвинители, како и општеството во целина одбија да го признаат сè до откривањето на „NSU“ во 2011 година. Срамно е што серијата на овие случаи, медиумите ги нарекоа „Кебаб убиства“, што сведочи за институционалниот и системски расизам во германското општество.

„Кога ќе направите мала пукнатина, таа може да расте. Од оваа мало место, ние се надеваме дека тие пукнатини праволиниски ќе се шират. Сметаме дека тоа е она што културните институции може и треба да го прават денес. Па, изложбата не е само за убавина, таа исто така, е за вистината“, изјави Вајцман.


Извор: The artnet News

ОкоБоли главаВицФото