Сигурна куќа во Скопје за заштита на ЛГБТ лица

09.06.2017 04:20
Сигурна куќа во Скопје за заштита на ЛГБТ лица

Неодамна во Скопје беше отворена Сигурна куќа за припадници на ЛГБТ заедницата, каде корисниците ќе бидат заштитени од секаков вид насилство. Во куќата се нуди сеопфатен пакет на услуги за поддршка и заштита со соодветен квалитет.

Со основањето на Сигурната куќа се придонесува за зголемување на безбедноста и зајакнувањето на ЛГБТИ луѓето во општеството.

Сигурната куќа се обврзува континуирано да работи на прекин на кругот на насилство врз ЛГБТИ луѓето, овозможувајќи им засолниште од изворот на насилство и услови да можат да продолжат со индивидуален и достоинствен живот.

Приоритет на Сигурната куќа е работењето врз основа на принципите на: доверливост, дискреција, недискриминација и емпатија.

Барањето за сместување во куќата може да се направи со вртење на бесплатната линија за помош 0800 66 66 6 или преку пополнување на апликацијата на веб страната на ЛГБТИ Центарот за поддршка (www.lgbti.mk). За сите подетални информации можете да се обратите на 023 075 025, во секое време.

Сигурната куќа има капацитет за 7 корисници.

За корисниците се обезбедени: сместување, храна, медикаменти, како и правни услуги, услуги од психолог и социјален работник. Сигурната куќа работи постојано, 24 часа, секој ден.

Програми:

Креативни работилници

Едукативни програми

Спортско-рекреативни активности

Неформални дружби

Сигурната куќа се основа во рамките на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, како дел од „Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето“.