Референдумот во Богданци е успешен, рудникот „Казандол“ нема да се гради

11.06.2017 20:33
Референдумот во Богданци е успешен

Успешен е референдумот за изјаснување за или против рудникот „Казандол“ и отварање рудници во Богданци. На 12 гласачки места според податоци од Општинската изборна комисија, до 18 часот на гласање излегле 55,9 отсто од гласачите, со што е исполнет законскиот цензус референдумот да биде легитимен.

За успешно спроведување на референдумот неопходно е на гласањето да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи.

Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која е дефинитивна и општинските власти ќе мора да ја спроведат.

Граѓаните требаше да одговорат на двете референдумски прашања: „Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање рудници на територијата на општината?“.

Извор: Плусинфо

ОкоБоли главаВицФото