Игра

12.06.2017 11:13

Не се гледаа. Во заедничкиот полумрак обајцата беа сериозни
и молчаливи.
Тој ја прифати нејзината лева рака земајќи и ставајќи врз неа
еден белокосен и еден сребрен прстен.
Потоа ја зема нејзината десна рака земајќи и ставајќи врз неа
два сребрени прстени и еден златен со камено око.
Таа ги испружи прво едната па другата рака.
Тоа потраја некое време. Ги испреплетоа прстите
и ги споија дланките.
Постапуваа нервозно и внимателно, како да се плашеа
од забуна.
Не знаеја дека таа игра е неопходна за, во иднина,
одредена работа да се случи на одредено место.

Превод: П. В.

 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото