„Срамота!“ - вечер на раскажување квир приказни

13.06.2017 09:25
„Срамота!“ - вечер на раскажување квир приказни

„Срамота!“ - вечер на раскажување квир приказни

 

14 јуни (среда)
20 часот
Кино Култура

 

Во рамките на овој промо-настан за Викендот на гордоста во Скопје, шестмина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат морална родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат.

Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа.

Модераторки: Румена Бужаровска и Ана Василева.

Приказните ќе ги раскажуваат: Мирјана Најчевска, Срѓан Јаниќијевиќ, Јасмина Никуљска, Никола Ристевски Шиндре, Сашко Коцев и Ана Мартиноска.

По раскажувачкиот дел следи журка со Илина Ангел, чија музика ќе нè охрабри да го откачиме срамот и да го пронајдеме настраното во нас!

ОкоБоли главаВицФото