Што ѝ направи дигиталната технологија на културата?

13.06.2017 09:49
Што ѝ направи дигиталната технологија на културата?

Во последните неколку децении, технологијта стана закана за стариот поредок во културниот бизнис; се десеткуваше музичката индустрија, се истребија весниците, им се изрече смртна пресуда на независните книжарници, „смарт“ кабловските претплати влијаат врз филмската индустрија.

Но, речиси во секој од културните медиуми, дигиталната технологија придонесе и да се пропуштат нови гласови, таа создава нови формати за истражување и им овозможува на обожавателите и на другите уметници да учествуваат во величенствените ремикси на некои дела. Во последните дваесет години се појавија сите новитети во форматите кои ги спуштија бариерите за новите музичари и други творци и тие веќе не мора да ги почитуваат старите правила.

А цело време се чинеше како да е нападнато работењето во сферата на културата. Интернетот научи цела една генерација дека содржината не е нешто што мора да го платите. Со години компаниите со дититална содржина настојуваа да допрат до милиони читатели, гледачи, слушатели во обидот да дојдат до процент по гледач од рекламите. Не само што тоа не беше одржливо, туку и ја уништуваше културата: ваквиот систем на новите уметници не им дозволуваше да се пробијат и сè е сведено на кликбејт. Работите изгледаа прилично тегобно.

Но, последните неколку години и со поголем интензитет во последните 12 месеци, луѓето почнаа да плаќаат за онлајн содржините. Тоа го прават сè повеќе и сè поредовно, најчесто преку претплата.

Веќе имате слушнато за подемот на медиумските платформи чија што база е претплатата, тоа се Amazon Prime, Netflix, Hulu, Spotify и Apple Music. Но, луѓето плаќаат за содржини што можат лесно да се најдат во мејнстримот. Тие стануваат претплатници на подкастови, комичари, разни лакрдијаши од Јутјуб, писатели на романи, автори на стрипови.

„Макротрендовите се многу охрабрувачки и возбудливи“, вели Џек Конте, основач на „Патреон“, една од компаниите кои ја предводат револуцијата на претплатата. Компанијата ви овозможува да се претплатите на различни уметници, но наместо да донирате за поединечни проекти, како што е на платформата за нови проекти „Kickstarter“ – парите им ги давате директно на луѓето.

Конте го основал „Патреон“ во 2013 година и оттогаш во уметноста вложил повеќе стотици милиони долари, а креаторите на платформите, секоја година, ги удвојуваат приходите. Главните креатори на содржина можат да заработат неколку десетици илјади долари месечно. Минатата година, повеќе од 35 уметници на платформите зараработиле по повеќе од 150.000 долари.

„Навистина мислам дека нешто се промени. Новата генерација веќе не ја интересира социјалното влијание. Постои желба да се поддржи нешто не само со пари, туку и со време и внимание“, вели Конте.

Нешто слично се случува и во медиумите. „Њујорк Тајмс“ и многу други новински куќи забележаа голем пораст на претплатници по победата на Доналд Трамп на изборите минатата година. Во февруари годинава, „Тајмс“ соопшти дека во тој момент има повеќе од три милиони претплатници на печатеното и дигиталното издание.

А растат и другите претплати. Корисниците на „Епл“ во 2016 година потрошиле 2,6 милијарди долари во „App store“, што е за 74 отсто повеќе отколку во 2015 година. Музичкиот сервис „Spotify“ соопшти дека бројот на претплатници пораснал од 30 милиони во 2015 година на 50 милиони во 2016 година. За само година и пол, „Apple Music“ доби 20 милиони претплатници. Во последната четвртина на 2016 година, „Netflix“ стекна седум милиони нови корисници. Сега има повеќе од 94 милиони претплатници.

Платформите со многу содржини трпат критика заради нивниот однос кон уметнците. Но, благодарение на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, креативците сега имаат можност да воспостават многу поблиски односи со обожавателите. Можат да продаваат услуги и производи и да нудат посебни промоции и содржини посебно за своите обожаватели. А кога ќе допрат до слушателите, можат да ги искористат сајтовите како „Патреон“ за да го добијат месечниот чек што го полнат најлојалните следбеници. На доделувањето на наградите „Греми“, за најдобар артист беше прогласен Chance the Rapper, кои ги одби сите понуди на издавачките куќи.

И покрај потешкотиите во навигацијата на современиот културен бизнис, постојат и големи предности.

„Сега може да имам нормален живот“, вели Питер Холенс, акапела пејач, кој прави видеа на Јутјуб. Тој живее во Јуџин, Орегон, и сега заработува околу 20 илјади долари месечно од неговата страница на „Патреон“. Парите му овозможија да ангажира продукциска куќа и да ја зголеми продуктивноста, но тоа му донесе и нешто друго: чувство на сигурност во професијата музичар.

„Повеќе не мора толку да патувам и да настапувам по барови“, вели тој. „Можам да бидам татко и сопруг. Ова ја нормализира мојата кариера. Со ова се нормализира кариерата на музичарот, која никогаш не е едноставна.“

Извор: The New York Times
Слики: Qingjian Meng

Слични содржини

Јавни простори / Технологија
Култура / Уметност
Активизам / Технологија / Екологија / Теорија
Фотографија / Книжевност / Култура
Технологија / Култура

ОкоБоли главаВицФото