Името и слободата или името на слободата!?

13.06.2017 10:28
Името и слободата или името на слободата!?

Нашата борба за слобода, модерност и пристојност, не ја допираше темата за името и слични бла-бла-бла производи на политичката манипулација.

Нашата борба за слобода поаѓаше од ставот дека животот во Македонија е прашање на загубената нормалност.

И европскост!

Името и таканареченото национално достоинство беа третирани посредно, низ цинизмот на ставот дека во нормалноста може да се реши името, а во името не може да се реши нормалноста односно не може да се реши ништо, вклучувајќи го и самото прашање на името.

Во мерка во која Социјалдемократскиот сојуз на Македонија чувствува дека и на тие борби и политички филозофии ѝ ја должи власта, тој треба да сфати дека не е избран да биде власт за да ни го брани името, туку да ги решава проблемите.

На начин кој на многумина нема да им се допадне, но, тоа е смислата на политиката.

А ако сакаме да инсистираме на емоциите и нив да ги врзуваме со националните аспекти треба да се знае основната максима на секоја реална и одговорна политика: решението на македонското државно и национално прашање е во НАТО и во ЕУ, не во името, во успехот, не во Уставот, во името се изговорите тие прашања да не ги решиме.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња