Има едно место

13.06.2017 15:02

Има едно место
седум мориња го кријат.
И таму сите спијат.
Оти мора да се спие.

Во тоа место има
госпоѓичка што везден врие
и која никогаш никогаш
не сака да спие.

Има и едно село зад
седум гори па отаде.
И таму сите деца јадат.
Оти мора да се јаде.

Има во тоа село
едно розе цвеќе,
еден јунак мамин
кој да јаде нејќе.

Двајцата нив да не ги двоиме,
предлагам ‒ да ги споиме.

И не треба да ги тепаме со прачки:
свадба да им направиме со тапани и рачки.

Тогаш заедно госпоѓичката и розето цвеќе
би можеле да не спијат и не јадат веќе.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото