Тацуја Танака

14.06.17 11:24

Тацуја Танака е јапонски уметник кој од 2011 година секој ден создава игриви минијатурни диорами. Идејата ја добил од коментар на Инстаграм: под една негова објава: „Сакам да видам минијатурен календар, секој ден“.

Одговорот на Танака бил фасцинантен - оттогаш, во континуитет изработува по една минујатурна креација секој ден, создавајќи уникатен уметнички дневник. „Идејата беше премногу добра за да се откажам од неа“, вели упорниот јапонски уметник.

Во видеото подолу можете да погледнете дел од неговите извонредни минијатури.

ОкоБоли главаВицФото