Господинот Видое Станиќ

14.06.2017 14:37

Господинот Видое Станиќ
здогледал куче; кога
ни две ни три, земал стап
и на кучето му скршил нога.

Госпоѓата Јагода Станиќ
викнала АХ, ДОБОГА!
Господинот Видое Станиќ
рекол САМО ДА ИМА СЛОГА.

Господинот Видое Станиќ
здогледал сврака; кога
веднаш земал пушка
и на свраката ѝ скршил нога.

Госпоѓата Јагода Станиќ
викнала АХ, ДОБОГА!
Господинот Видое Станиќ
рекол САМО ДА ИМА СЛОГА:

Тие би го изеле јајцето
од кого би настанало пиле
од кого би настанала кокошка ‒
а кокошките секогаш мили ми биле.

Тогаш госпоѓата Јагода Станиќ
го грабнала дотичното јајце кое
без многу да му ја мисли
го скршила од главата на Видое.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото