1015 hPa
66 %

11 °C
Скопје - Пет, 14.02.2025 15:39
Во некои важни аспекти Македонија продолжува да се пародира самата себе како држава.
Инерцијата на системот ги доведува луѓето и институциите во гротескни ситуации.
Да речеме, оние кои го инспирираа, организираа и учествуваа, пасивно или активно, во крвавиот државен удар со испланиран упад на организирана група убијци во Собранието, денеска се именувани за шефови на некакви собраниски комисии.
Тоа е како утре откако ќе го разрешат од функцијата републички јавен обвинител, Зврлевски да го турат претседател на Советот на јавните обвинители!
Хахаха!
Најфасцинантно за мене е именувањето на Трајко Вељановски за претседател на комисијата за контрола на УБК, односно на службата преку која Злосторничкото здружение на неговото ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ги ликвидира пратениците на сегашното мнозинство, некои новинари и други присутни во Парламентот во црниот четврток, уставот и деловите од правниот поредок кои ја беа преживеале тероризирачката активност на груевистичките вмрони во текот на повеќе од десет години.
Па добро другови: где још то има!?
Не знам како точно се вика комисијата што ќе ја раководи оној Димовски, но би било добро ако во насловот ѝ се додаде „комисија за координирање на пучистичките упади во Парламентот“.
И Хер Флик лапнал некоја комисија, мислам за надворешни односи или така некако. Тој ѕвер би им бил неподнослив и на кравите во најблиската фарма, а надворешната политика може да го поднесе само ако има моќ да ги меле клиновите што ќе ѝ ги забиваат злосторничките противници на Европа. Тој е таков клип.
И така натаму, оној циркузант од премиер, и тој ќе води некое тело.
Добро, ќе речат некои, па тоа е нечовечниот материјал со кој располага собранието! Па, формално, да, но што од тоа!?
Тоа е од една страна инерцијата што ја споменав на почетокот и, од друга страна, тоа ја покажува неспремноста на системот со денешната кондиција да се справува со такви отворени предизвици какви што се обидите за убиства на јавната сцена и обидите за крвав државен удар. Практично, злосторници од најтежок вид седат во претседателските фотелји на некои собраниски тела.
Пародијата може да се искачи на квадрат така што извршната власт и парламентарното мнозинство ќе направат од овие комисии и од нивните претседатели контролни фикуси, што би било, внимавајте сега, висок државен интерес, да речеме, одбивањето на Трајко да му се обезбеди пристап до УБК или да се заебава оваа ѓеврече на друг начин.
Се разбира, консолидирањето на новата власт, особено рехабилитацијата на правосудниот систем, ќе симнува полека, едно по едно од овие свињарии. Можеби не целата пратеничка група, но јас мислам дека поголемиот дел од сегашната група на ВМРО-ДПМНЕ ќе зврши в затвор или на друг начин, по сила на законот, нема да можат да вршат јавни функции. Но, до тогаш останува оваа тажна слика.
Разбирам дека не е можно сè од еднаш, но важен е смерот, решеноста, посветеноста и енергијата со која новата власт ќе го демонтира злото и ќе ја рехабилитира нормалноста. Во таа смисла, новата епизода од конституирањето на Собранието ја покажа длабочината до која државното ткиво треба да се исчисти и гротескноста и пародичноста што ќе треба да ги истрпиме додека таа операција не се изврши!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња