Шест јавни личности раскажуваа квир приказни во Кино Култура

16.06.2017 11:30
Шест јавни личности раскажуваа квир приказни во Кино Култура

Во средата (14 јуни) беше одржан промотивниот настан „Срамота“, во пресрет на Викендот на гордоста во Скопје, кој ќе се одржи од 22 до 25 јуни.

Јасмина Никуљска, Срѓан Јаниќијевиќ, Сашко Коцев, Ана Мартиноска, Мирјана Најчевска и Никола Шиндре во преполната сала на Кино Култура, ги раскажаа своите квир приказни пред публиката, која реагираше одлично и со аплаузи ги награди раскажувачите.

Организаторите на годинешното издание на Викендот на гордоста во Скопје најавија дека наскоро на интернет ќе биде објавена и видео снимка од настанот.

Во меѓувреме, атмосферата од раскажувачката квир-вечер ја доловуваме преку фотографиите на Ванчо Џамбаски.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото