Виетконг од Македонија

19.06.2017 11:53
Виетконг од Македонија

Тој ги следел повиците за виетнамско сценарио!

Какво е тоа сценарио!?

На чело на првата колона вооружени комити, Груевски влегува во американската амбасада на Калето точно во моментот кога избезумениот Бејли влегува во хеликоптерот обидувајќи се да спаси жива глава по вестите дека ослободителните единици на македонскиот Виетконг триумфално влегуваат во Скопје.

Груевски го фаќа Бејлита за левата нога додека горниот дел од телото на амбасадорот веќе е во хеликоптерот, сака да го симне за да може македонскиот народ да му суди, но Американецот не се дава, Груевски полетува неколку метри со амбасадорот во воздушниот простор на Македонија, но во последен момент решава да се откачи и паѓа во грижните раце на хер Флик и Илче фрик.

Ние постарите паметиме дека тоа е сценарио во кое до заби вооружените единици на вмро-дпмне, во неколку колони се спуштат од шумите на Водно и на Скопска Црна Гора и влегуваат во главниот град, го соборуваат ненародниот режим на СДСМ и ги бркаат Американците кои го поддржуваат тој антимакедонски, злосторнички режим!

Има убави филмови за драмата од Сајгон, не е лошо да погледнете некој за да разберете на што мисли Тој кога тресе неверојатни глупости.

Се’ е спремно. Се чека уште хеликоптерот од Бонд Стил.

П.С.

Во меѓувреме предлагам мала пауза за реклами, па се враќаме во студиото за да одговориме на клучното прашање:

Колку е човекот луд?
а) многу
б) ептен
ц) скроз

Слики: Свирачиња