Потребни се квалитетни, но и слободни велосипедски патеки

21.06.2017 10:15
Потребни се квалитетни, но и слободни велосипедски патеки

Многу често кога зборуваме за проблемите во сообраќајот знаеме да ја обвиниме „културата“... Се обвинуваме пешаци со велосипедисти со возачи и сè така во круг со години. Таквото обвинување не донело некакво поместување, барем не значајно. Ќе се согласите, нели?

Истите сограѓани кои ги обвинуваме за некултура, кога ќе се најдат на други простори се однесуваат поинаку, зашто знаат колку може да си ги спружат нозете (т.е. паркираат колите).

Промена може да донесе само барањето од институциите да си ја вршат работата:

-Градот и општините да обезбедат безбедна, логична, јасно назначена инфраструктура за сите начини на превоз која нема да ги доведува во конфликт едни со други.

-Сообраќајната полиција да ги спроведува правилата, наместо самата да ги крши!

Пешачките и велосипедските патеки со причина се заштитени од паркирање во законот.

Дел од конфликтите во сообраќајот се поради лошиот дизајн, а дел поради неспроведувањето од страна на полицијата.

Да ја насочиме енергијата онаму каде што ќе даде резултат, наместо на вечно обвинување на „некултурата“!

Тоа станува само-исполнувачко пророштво.

Да излеземе од магичниот круг и да си ги побараме правата!

Критична маса #62 ќе биде посветена на оваа тема.

Доколку сакате да се реши проблемот со нелегалното паркирање, придружете ни се последната среда месецов, 28.06 од 19:00.

Сакаме квалитетни велосипедски патеки, но сакаме и слободни велосипедски патеки!

Апелираме Министерство за Внатрешни работи да им овозможи на граѓаните на Скопје да пешачат и да возат точак слободно и безбедно на оној мал простор што го има за тоа!

Извор: НаТочак

ОкоБоли главаВицФото