Браќа сме и сестри додека велите „смрт на фашизмот - слобода на народот!“

22.06.2017 10:34
Браќа сме и сестри додека велите „смрт на фашизмот - слобода на народот!“

Едниот дедо ми е бугарски партизан. Од него ми е наследено ова убаво и оригинално презиме, кое ретко кој од прва точно ми го изговорил. А просто е, кокал е коска и во многу македонски дијалекти. Нејсе, тука војувал и се заљубил во баба ми - партизанка-болничарка од Битола. Другиот дедо ми е македонски партизан.

Иако едниот од далечните источни краишта на Бугарија, другиот мијак од Галичник, се бореа заедно против фашистите.

Што можам да научам од нивните животи? Етничката припадност е прашање на случајност - кај си се родил, кај си израснал, во која култура си се претопил... А антифашистичката определба, е тоа е вистинското вредносно и идентитетско прашање!

Затоа, драги мои, ме заболе како етнички се декларирате и каков пасош држите во фиока, браќа сме и сестри сте ми се додека викате - смрт на фашизмот, слобода на народот!

Извор: Фејсбук профилот на авторот