Актовите на Бонар

22.06.2017 11:22

Неговата жена. Четириесет години ја сликаше.
Одново и одново. Голата жена на последната слика
истата млада гола жена како на првата. Неговата жена.

Каква што ја запомнил млада. Каква што и била.
Неговата жена в када. Крај комода
пред огледало. Необлечена.

Неговата жена со дланките под гради
гледа надвор во градина.
Сонцето дарува топлина и боја.

Сè што живее е таму во цут.
Таа млада и растреперена и повеќе од пожелна.
Кога почина, ја сликаше уште некое време.

Неколку пејзажи. Потоа и тој почина.
Сместен е долу крај неа.
Неговата млада жена.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото