Крајот на династијата

22.06.2017 13:11
Крајот на династијата

КРАЈОТ НА ДИНАСТИЈАТА

Целото царско семејство тогаш живееше во една соба. Пред прозорецот имаше ѕид, а под ѕидот ѓубриште. Таму глувците ги касаа мачките. Тоа не се гледаше. Прозорците беа премачкани со вар.

Кога џелатите влегоа, затекнаа секојдневна сцена.

Неговото Величество го поправаше правилникот на Преображенскиот полк, окултистот Филип се трудеше со сугестија да ги смири нервите на Царицата. Престолонаследникот, свиен во клопче, спиеше во фотелјата, а Големите (и слаби) кнегињи пееја побожни песни и ја крпеа гардеробата.

Додека лакејот стоеше крај ѕидот и се трудеше да го имитира тапетот.

 

ОД МИТОЛОГИЈАТА

Најпрво беше богот на ноќта и бурата, црн идол без очи, пред кого скокаа голи и намачкани со крв. Потоа за време на републиката имаше многу богови со жени, деца, кревети што чкрипат и гром кој страшно грмеше. На крајот, само уште заостанатите и неврастениците носеа во џебот мала статуетка од сол, која го претставуваше богот на иронијата. Тогаш немаше поголем бог.

Потоа стигнаа варварите. И тие многу го ценеа идолот на иронијата. Го дробеа со потпетиците и го ставаа во јадењето.

Превод: Иван Шопов
Слика: Ашкан Хонарвар

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото