Швајцарија го казнува предупредувањето за сообраќајна контрола

23.06.2017 10:53
Швајцарија го казнува предупредувањето за сообраќајна контрола

Возач од Швајцарија мора да плати парична казна затоа што преку социјалната мрежа Фејсбук ги предупредил останатите возачи дека на одредена улица има сообраќајна контрола.

Возачот го објавил предупредувањето на Фејсбук група која има 30 илјади членови.

Возачот се бранел пред судот, но сепак судот во Санкт Гален ја потврдил изречената казна од 200 франци поради „јавно предупредување на контрола во сообраќајот“.

Во образложението на судот се вели дека предупредувањето на сообраќајна контрола е забрането од 2013 година.

Извор: Radio Sarajevo