Кампања на Хелсиншкиот комитет: Гледај со срцето, прифати ја различноста!

24.06.2017 16:54
Кампања на Хелсиншкиот комитет: Гледај со срцето, прифати ја различноста!

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја започнува кампањата „Гледај со срцето, прифати ја различноста“ посветена на лицата со посебни потреби и нивните можности и таленти. Видеото e работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот. 

Целта на кампањата е покренување на свеста во општеството за способностите што ги имаат лицата со попреченост и нивно мотивирање за активно учество во општествените случувања.

Подолу можете можете да ги погледнете видеата на македонски и албански јазик.

Видео на македонски јазик:


Видео на албански јазик:

Кампањата можете да ја следите и на Фејсбук страницата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Видеото беше претставено на јавниот настан „Вечер на таленти“ на кој поголем број на лица со посебни потреби читаа поезија, свиреа, пееја и цртаа. Фотографиите од одржаниот настан можете да ги видите на следниот линк.

Видеото е изработено од старна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“, поддржан од Британската амбасада во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото