Минас, какво лошо кафе!

26.06.2017 10:05
Минас, какво лошо кафе!

„Не треба да паднеме во замката која нè втурнува во спиралата на континуирано себепоништување, да се занимаваме со едно исто, а најмалку да повикуваме на деструкција и да уживаме во неа.“

Вели Минас Бакалчев во трогателниот апел за спас на Скопје 2014.

Се помочав од возбудата што ми ја предизвика оваа, ми се виде, родителска грижа на еден архитект за своето чедо, не велам дека тој е автор на монструмот што се прчи низ Малиот ринг, туку неговиот однос ми се виде таков, како на родител кон своето чедо кое забегало малку во светот на тешките дроги.

Немам амбиции, а ниту способност, да изградам темелен критички однос кон ова пумпање на умрениот вол со смисла и форма, но неколку забелешки не можам, а да не дадам.

Прво, Скопје 2014 навистина се појави во еден спот, прилично невино, многумина беа затечени, но тоа не значи дека зад проектот не стојат сериозни студии на формите и содржините кои треба да се аплицираат во центарот на метрополата, за да се претвори македонскиот национален проект во карикатура! И за тоа да се остават трајни траги во просторот и времето.

Второ, изградбата на Скопје 2014 не е само проблем на авторите на ова чудовиште и на нивните колаборационисти, туку, пред сè, на општеството кое преку мирното посматрање на своето обезличување, испрати пораки за своите повеќе од скромни политички, културни, државотворни и други кондиции. Нема траги дека авторот на проектот се соочувал со отпор на граѓаните. Ако нацијата не собере сила да интервенира во својата негација тоа ќе значи дека нејзините проблеми се трајна категорија, а не израз на тешки слабости во одредено време и по одредени поводи.

Трето, не постои спирала на себепоништување, таа фразетина е бисер во арсеналот на клерофашистичкиот режим кој е идеен творец на Скопје 2014, туку имаме акт на себепоништувањето кој е по дефиницијата драстичен и темелен, а по формата вулгарен и примитивен. Самопоништениот не може да продолжи да се поништува во некаква спирала, туку може со остатоците од себе да се обиде да го поништи актот на себепоништувањето. Дали тоа ќе биде генерално, темелно поништување на себепоништувачкиот акт или некоја поделикатна форма на ослободување од злото, тоа допрва треба да се види. Јас сум за меѓународен тендер на кој ќе ги добиеме најквалитетните и идејно и политички неутрални проекти за урбанистичко и архитектонско решение на непондосливата грозотија во центарот на Скопје.

Тоа што го предлага Бакалчев е тотално неприфатливо затоа што толкувањето на проектот од архитектонски, урбанистички, односно, естетски и функционален аспект објективно претставува оневинување на злото и на злосторниците. Второ, вие можете на секоја зградурина да ѝ најдете накнадна смисла, да речеме Муу Зејот на смртта може да биде магацин за земјоделските производи што се продаваат по скопските пазари и по таа линија да најдете доволно причини да не ја урнете. Вие можете да отворите дебата за кое било говно на плоштадот, но тоа значи дека го прифаќате ризикот да ве сметаат за обична или корумпирана будала, а не за стручњак. Преку таа логика можеме да излеземе од сферата на урбанизмот и архитектурата и да се залагаме за конструктивен третман на убиствата, убиените и убијците, на силувањата, силуваните силеџиите: ако страдале силуваните и убиените, треба ли да ја продолжиме таа спирала со страдање и на злотворите. Ако Груевски украл осум милијарди евра и граѓаните тоа го истрадале, треба ли сега и тој да страда во судски процеси или затвори и најмногу од сè во смртниот страв дека ќе му ги земат парите!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Став

ОкоБоли главаВицФото