Фифи

26.06.2017 11:40

Овој час, драго внуче,
едно куче,
на поводец од свила,
со намачкани нокти лила
и машничка од свила,
во овој час
помина крај нас.


Една женичка стара
со него разговара:
‒Фифи, како прво
‒Фифи, внимавај дрво.
‒Фифи, не си слеп.
‒Фифи, на машничката пази.
‒Фифи, убаво гази.
‒Фифи, тоа не го души,
‒Фифи, дигни уши.
‒Фифи, знаеш ли ти кој си?
‒Фифи, само мој си.
‒Фифи, дојди да те фатам.
‒Фифи, дома ќе те вратам!


Така Фифи живее силен
на поводец свилен,
со нокти лила
и машничка од свила.
И така женичката стара
со него разговара.


А ете баш во овој час
поминаа крај нас.

Превод: Виктор. Б. Шеќеровски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото