Изјаснување за мојата колумна

27.06.2017 10:34
Изјаснување за мојата колумна

Се крена доста врева околу мојот текст првично објавен на порталот „Антропол“, па сметам дека ѝ должам објаснување на целата јавност.

Првенствено, навистина ми е жал што предизвикав негативни чувства кај поширокиот дел од јавноста. Навистина би сакал да бидам попрецизен во моето излагање, за да не бидам погрешно сфатен и најмногу од сѐ да не направам некој да се почувствува повреден или загрозен.

Она што морам да го појаснам е дека во мојот текст немав намера да ги бранам педофилите, ниту пак да ги поттикнам децата да се впуштаат во сексуални односи. Никогаш не оправдувам постапки кои можат на некој начин некому да наштетат или се квалификуваат како кривични дела.

Она што сакав со текстот е да ги покренам прашањата за детската сексуалност, односно да кажам дека и децата размислуваат за овие прашања, но немаат каде да се обратат. Затоа и ние треба да дискутираме на овие теми, за да и ние и тие можеме да оформиме правилни и точни ставови.

Така, сметам дека треба да се дискутира за сексуално образование, како ќе се изведе, кои информации ќе им се понудат на децата, добро и информирано да им се каже за тоа дека лесно можат да бидат искористени и да се најдат механизми за нивна заштита.

Затоа, ние возрасните треба да ги покреваме овие прашања и да изнајдеме соодветен начин да ги заштитиме најслабите – децата.

Сметам дека во овие дискусии треба да се вклучат психолози, педагози, социјални работници, сексолози, родителите и сите стручни лица кои работат со деца, за да се најдат најсоодветни одговори на овие прашања.

Исто така морам да кажам и дека ова е исклучиво мој личен став и не треба никако да се толкува како став на ЛГБТИ заедницата, левицата, власта, или кој било друг.

На крајот, морам да кажам и дека деновиве добив доста закани на социјалните мрежи, поради што воопшто не излегувам од дома, и поради што повторно ќе го деактивирам мојот профил на Фејсбук.

Никола Шиндре

Извор: antropol.mk
Слика: David Cata

Слични содржини

Активизам / Квир / Психологија / Теорија
Општество / Активизам / Став
Општество / Активизам / Свет / Психологија
Активизам / Став
Општество / Активизам / Фотографија / Став

ОкоБоли главаВицФото