Има нешто длабоко пореметено во секој човек што може да го смета Бетмен Велит за добро друштво

27.06.2017 10:56
Има нешто длабоко пореметено во секој човек што може да го смета Бетмен Велит за добро друштво

Имам многу малку пријатели, но тие што ги имам навистина ги сметам за пријатни луѓе кои немаат големи гревови на својата душа и со нив имам пријатни моменти на дружба. Не се согласуваме со сè, но генерално сме на слична фреквенција за многу работи.

Секако дека не би можел да седам на маса со политички, карактерни и новинарски курви, немам ништо против оние вистинските курви, тоа е животна одлука која не е штетна за општеството, напротив, но карактерните, политички и новинарски курви обично нè ебат сите нас за наши пари и на крај ние го јадеме и стапот заради тој секс, затоа што таквите луѓе помагаат да се уништат земјите финансиски, системски, демократски, цивилизациски... бидејќи им служат на диктатори, мафијаши и лудаци...

Како би можел кој и да е нормален човек, после сè што направи Бетмен овие два месеци, со чисто срце и стомак да седи на маса со тоа гомно или да шета каде било и притоа да ужива?!

Па, јас кога ќе го видам неговиот сурат одма пред очи ми излегува крвавата фаца на Зијадин Села и претепаните пратеници на СДСМ и ДУИ... А Пимен и Трендо се окезиле со него како да се сликани со Тоше Проески?!

Па каква наказа треба да си за тоа да го правиш без око да ти трепне, па дури и да си увреѓен што некој ти пререкол што си се сликал со тоа гомно?! Па треба да си тотална свиња, бетер од што е Бетмен за да не ти пречи тој прдеж од човек.

Кога пред некој ден го видов Бетмен на прославата на ДПМНЕ како стои до Грујо ич не се возбудив, дури напротив, некако си личи човекот во тоа друштво, некако дури го сметав тоа и за исправен потег, тие си припаѓаат еден на друг и треба и во затвор да идат заедно и да се мењаат со пушење во фелацио-сеансите во ќелијата, еднаш едните да им го пушат на другите па после обратно, па примање во газ и слични на-ти-го-дај-ми-го моменти, значи родени се овие накази човечки за цел живот заедно да бидат и да си споделуваат сè, затоа што никој што не е ментален случај не верува дека протестите на „Заедничка Македонија“ не беа проект режиран и контролиран од Грујо, Иво, Сашо, Бетмен, Чавков...

Сè додека нашето општество толку лесно им простува на ваквите накази и не им замерува, не ги избегнува, не ги осудува, тие ќе продолжат да прават злодела против општеството без око да им трепне. И онака се оперирани од совест и срам, и еве, не се во опасност и да останат без друштво.

Добро е што барем почнавме да се буниме против оние кои сè уште ги дружат овие копилиња и се фалат со тоа по социјални мрежи... Тоа значи само дека несвесно признаваат дека се исти копилиња како нив...

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња