На зелен пазар

27.06.2017 11:24
На зелен пазар

На зелен пазар вчера претпладне. Идам право на тезгите со „гардероба“. Спремен, откога се уверив дека локалниот КВ шнајдер за кратење панталони денес работи до триинешо. Џули има дуќан кај Мурто од Калинка. Овај, му ја издал гаражата за пеес евра (све се знае). Легитимно, со сите инспекции. (Кај нас све кукајци јебига - по закон) Небитно. Стотче кратење, џабе. Наводниците погоре за гардероба намерно ги стаив за да се помисли дека не сум „до толку“ сељак, oд таму да пазарам. Ама, цврц, до толку сум.

Уживам таму. Не е битно што ќе купиш, колку ќе платиш. Битно е да уживаш во тоа и, крајно, да веруваш дека си купил добро. Парталот и така ќе го нема за година-две.

Оноа ситимол, рецимо, за мене е нехумано. Без патокази. Со намера е направено да биде такво. Злобна намера. Те наведува на глупости, без да сакаш. Не може некој кој за себе смета дека има одлична ориентација во простор три пати да влезе и секој пат да не може да го најде дуќанот каде што тргнал. Не може. За враќање назад до колата да не зборам. Ескалатори специјално лоцирани, сите дуќани рандом да ги прошеташ и пак да не знаеш каде си? Само за да купиш нешто? Од каде било? Нехумано. Одвратно. Дури перверзно.

Се занесов, ова со ситимол беше дигресија.

Зелен пазар. Прво идеш по тезгите со свеисвашта, ама коа знаеш дека шнајдерот ти е лимит, правац по панталони.

Една тезга ми е таргет. Дечкито продава исклучиво турска роба. Познавачите на зелен пазар разликуваат евтино и скапо. Не зборам за пари. Мојата тезга е скапа.

- Хелоу Аднан.
- Оооо Џанго, од зимоска те нема.
- Абе не заебаај сеа, од мене ли ќе живиш само? Остаив малце и други да се покажат. (уобичаен контакт после неколку неколку месеци)
- Добро бе, се зезам... блузонот... а? (памти бе, мибам Аки)
- Топ, еј. Него, дај нешо панталони, ама брзо, пошо шнајдерон затвара, а после не работи два дена.
- Иам бе. Летњи. Сакаш фармерици или на фалти.
- На фалти, ама без фалти (знам дека ме разбра).
- Иам и такви. Еден модел у четири бои, бројче не е проблем.
(Што да праам коа моделот на дупе ме падна. Што? И добро што е еден. Не моеш да се збуниш у бирање коа немаш избор.)
- Супер. Зиам. Дај да видам кои бои.
(Аднан више има метро за струк да одреди бројче, пошо глупо е по гаќи да се соблакам и да пробуем. Културна работа.)
- Еве бе друже.
(бирам некое какикрембелузлаво, ме бендиса)
- Пакуј. Колку сум дужен?
- Ххиљдудвеста, ама ко за тебе деветсто.
(Аахахааа... ме свиѓа ова, увек ме свиѓала малава љубезност „ко за тебе“. Како да не додаеш нешо на оваа зеленпазарска превара, како?)
- Оки, еве иљадарче и се глеаме.
- Фала Џанго и со здравје да си ги носиш. (Проаѓа со новчаницата два-три пути преку брада. Од три-четири дена.)

Ете затоа идам на зелен пазар. Никој у ситимол нема да ти каже „со здравје да си ги носиш“. Никој.

Баш зато, сè уште накурчен од луѓе со крв у очи, отидов кај Злате берберот, да завршам и тоа.
Он па, после шишање, док со метличе ти вади невидливи влакна од мајцата, ти вика: На здравје шишање, Џанго, а ти му одговараш: Фала ти, Злате, здравје да имаш.

Убаво.

Сликa: Giovanni Battista Moroni

ОкоБоли главаВицФото