Канадскиот премиер Џастин Трудо со сопругата и децата прошета на ЛГБТ+ парадата во Торонто

27.06.2017 10:40
Канадскиот премиер Џастин Трудо со сопругата и децата прошета на ЛГБТ+ парадата во Торонто

Канадскиот премиер Џастин Трудо уште еднаш се приклучи на прославата на ЛГБТ+ заедницата, овој пат на вчерашната Парадата на гордоста во Торонто.

Поздравувајќи ги гледачите во публиката и оние кои маршираа на парадата, се чинеше дека ништо не може да го запре во славењето на моќта на еднаквоста со сограѓаните од ЛГБТ+ заедницата. Трудо се ракуваше, мавташе, па дури и делеше прегратки повремено, постојано со огромна насмевка на лицето.

Премиерот дури најде време да нацрта виножитно знаме на неговото лице, пред да појде на прошетката долж градската рута. Едноставно прекрасно!

Зборувајќи пред да започне парадата, премиерот изјави: „Ги славиме многуте слоеви на идентитети што ја прават Канада извонредна и силна. Денес славиме со целата ЛГБТ+ заедница. Ви посакувам среќен Прајд на сите. Среќен Прајд Торонто!“. На социјалните мрежи објави фотографии и напиша: Љубов е љубов.

Тој на настанот присуствуваше со семејство, а дури и стримаше во живо.

На Трудо му се придружи Бил Морно, канадскиот министер за финансии.

Празнувањето продолжи целиот ден, но на сите им беше на ум еден човек.

Извор: www.queer.mk