Музичари во Аргентина бесплатно им свират на пациенти во болници

28.06.2017 03:20
Музичари во Аргентина бесплатно им свират на пациенти во болници

Класична болничка слика: вознемирени доктори, растрчани медицински сестри, осамени пациенти и тага во собите на починатите. Оваа болничка слика во Аргентина се обидуваат да ја поправат музичари, со цел да им го направат секојдневието на пациентите поподносливо.

Музичарите своите концерти ги одржуваат ненајавено.

Организацијата Music for the Soul во болницата Алварез во Буенос Аирес пред неколку дена собра седумдесет музичари, хор, два сопрана и тенор. Музичарите за својот настап не бараат никаков надомест.

Мрежата Music for the Soul настана во Аргентина пред пет години и сега работи во десет земји на три континенти. Се состои од професионалци од повеќе престижни оркестри кои одвојуваат од своето време и страст да ја споделат моќта на музиката.

Организацијата има повеќе од 2.000 изведувачи и отсвирела околу 300 концерти во слични програми во Уругвај, Чиле, Боливија, Парагвај, Перу, Еквадор, Италија, Франција и Израел.

Извор: AFP