СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јанкулоска, Канческа-Милевска…

29.06.2017 13:58
СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јанкулоска, Канческа-Милевска…

Специјалното јавно обвинителство денеска со 17-те обвиненија до Кривичниот суд ќе поднесе и барање за одредување притвор за вкупно 18 лица, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа Милевска и Миле Јанакиески.

Според збирниот извештај на СЈО, за Груевски, за поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, за поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, за Јанакиески и за Јанкулоска, се бара притвор како осомничени во случајот „Титаник“, за фалсификување на избори.

Притвор се бара и за две лица во „Титаник 3“, потоа за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фиат Цаноски.

За поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска и за уште дено лице, СЈО бара да им биде ореден притвор како обвинети во случајот „Тендери“.

Притвор се бара и за уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, обвинет во случајот „Тотал“.

СЈО бара притвор и за поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, како обвинет во случајот „Траекторија“.

СЈО бара да им се одреди притвор на Сашо Мијалков, поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и за уште три лица обвинети во „Таргет“ и во „Тврдина“, случаи кои се однесуваат на незаконското прислушување и за уништувањето на опремата во УБК со која биле следени комуникациите.

Покрај притвори, СЈО бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на уште 47 лица.

Извор: meta.mk
Слика: Били Даркарт

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото