Кампања: време е жените да се замешаат во јавните работи

30.06.2017 03:10
Кампања: време е жените да се замешаат во јавните работи

Во изминативе шест месеци, Консалтинг за стратешки развој и Акција Здруженска работеа на развивање стратегија за пронаоѓање на соодветни механизми за зголемување на познавањето на жените за надлежностите на општината и зајакнување на нивните капацитети за идентификување и изразување на нивните приоритети во јавните форуми, односно поконкретно, во буџетските форуми.

Оваа кампања е изработена во рамките на регионалниот проект на UN Women „Промовирање на родово-одговорните политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“, финансиски поддржан од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за развој и соработка.